За нас

За нас

Јавното претпријатие за стопанисување со Индустриска зона „Жабени“ е основано на 25.01.2008 година од страна на Советот на Општина Битола, по иницијатива на Градоначалникот на општина Битола Владимир Талески. Јавното претпријатие во вршењето на дејност од јавен интерес се организира на начин со кој се обезбедува единственост, ефикасност и максимален успех во процесот на работењето со цел за постигнување на највисоки резултати во техничкиот, технолошкиот и економскиот развој на Општината Битола. Постигнувањето на развој и усогласеност со општиот интерес и заштита на добрата од општ интерес, преку квалитетно задоволување на потребите на корисниците на услуги. На 02 Јули 2012 година беше поставен и првиот камен темелник од страна на германската компанија од автомобилската индустрија „Кромберг и Шуберт“ (Kromberg & Schubert) во присуство на Премиерот на Република Македонија Никола Груевски и Мартин Пасерн кој е член на Управниот одбор на „Кромберг и Шуберт“. Германскиот инвеститор во Жабени во новиот производствен капацитет, инвестиција која вреди 20 милиони евра ќе изработува кабелски инсталации за автомобили и се очекува во фабриката на „Кромберг и Шуберт“ да бидат вработени над 3.000 лица. На почетокот на 2013 година оваа германска гринфилд инвестиција започна и со извоз на нивните производи. Сите потребни предуслови за понатамошен развој на Индустриската зона „Жабени“ се исполнети и се надеваме дека во идниот период оваа зона да биде главен фактор и чинител на локалниот економски развој во целиот Пелагониски регион.