Продадени 25 хектари во индустриската зона Жабени

Министерството за транспорт и врски на јавно наддавање со почетна цена од едно евро за метар квадратен, продаде 19 од понудените 30 парцели во Индустриската зона Жабени кај Битола. Се работи за вкупна површина од 25 хектари, односно 29% од површината на предвидената прва развојна фаза на зоната. Ова е прва успешна продажба на земјиште во ИЗ Жабени. Парцелите ги добија девет домашни и три странски фирми и тие планираат инвестиции во прехрамбената, дрвната и текстилната индустрија. Инвеститорите имаат рок од 15 дена да ги уплатат парите, а оние кои до крајот на овој месец ќе имаат готов проект и ќе се обврзат дека објектите ќе ги изградат до крајот на 2012 година и ќе вработат 20 лица, ќе бидат целосно ослободени од комуналии.

Развојот на зоната е планиран во три фази. Во првата фаза се предвидени 104 локации за објекти на вкупна површина од 85 хектари, во втората фаза се предвидени 121 локација на вкупна површина од 88 хектари, а во третата  фаза 34 локации на 43 хектари.

 

Similar Articles

Премиерот Ник... Премиерот Никола Груевски заедно со градоначалникот на Битола Владимир Талески денеска ја посети индустриската зона Жабени и фабриката за автомобилски делови на германскиот инвеститор „Кромберг и Шуберт“.
Кромберг и Шу... Инвестицијата е вредна над 20 милиони евра и ќе обезбеди на почеток 400 работни места, а потоа и 2.500 за населението од Пелагонискиот регион. Битола – По
Пуштени во уп... Заокружена инфрстурктурата во индустриската зона Жабени, кај Битола. Денеска се пуштени во употреба два инфраструктурни проекти, пречистителна и трансформаторска станица. Инвестицијата е околу 1,8 милиони евра. –
Зоната ЖАБЕНИ...
Продадени 25 х... Министерството за транспорт и врски на јавно наддавање со почетна цена од едно евро за метар квадратен, продаде 19 од понудените 30 парцели во Индустриската зона Жабени
„ЦЕРАМЕТАЛ“ ...

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *