Кромберг и Шуберт почна да гради во Жабени

Инвестицијата е вредна над 20 милиони евра и ќе обезбеди на почеток 400 работни места, а потоа и 2.500 за населението од Пелагонискиот регион.

Битола – По пет години преговори и подготовки, удрени се темелите на првата фабрика во индустриската зона Жабени крај Битола. Инвеститор е германскиот индустриски гигант Кромберг и Шуберт.

Инвестицијата е вредна над 20 милиони евра и ќе обезбеди на почеток 400 работни места, а потоа и 2.500 за населението од Пелагонискиот регион.

Очекувањата се дека првите 400 вработени ќе стартуваат со работа во март идната година, а првата хала на фабриката ќе биде изградена до ноември годинава.

Светската економска криза привремено ја одложи оваа инвестиција, но германскиот инвеститор, сепак, одлучи да гради во Македонија. Ова е најголемата гринфилд-инвестиција во поновата историја на Македонија. Битола врти нов лист во својата историја во која ќе бидат запишани убави нешта – изјави премиерот Никола Груевски.

Според претставниците на германската компанија, во фабриката ќе се произведуваат кабли за автомобилската индустрија, а очекуваат годишна заработка од 100 милиони евра.

Овде во Македонија најдовме квалификувана, но и мотивирана работна сила, нашата фабрика ќе ја отвориме за високообразовани кадри, но и за оние со средно образование – изјави Мартин Пасерн, претставник на Кромберг и Шуберт.

Најзаслужен за инвестиција се смета министерот за привлекување странски инвестиции, Веле Самак. Според него, Германија и дава целосна поддршка на Македонија. Според градоначалникот Владимир Талески, пак, со удирањето на темелите на фабриката е остварен големиот сон за заживување на индустриската зона Жабени. Според него, во оваа зона се продадени досега 45 парцели на 34 хектари, а како инвеститори се јавуваат 26 фирми.

Similar Articles

Продадени 25 х... Министерството за транспорт и врски на јавно наддавање со почетна цена од едно евро за метар квадратен, продаде 19 од понудените 30 парцели во Индустриската зона Жабени
Премиерот Ник... Премиерот Никола Груевски заедно со градоначалникот на Битола Владимир Талески денеска ја посети индустриската зона Жабени и фабриката за автомобилски делови на германскиот инвеститор „Кромберг и Шуберт“.
Кромберг и Шу... Инвестицијата е вредна над 20 милиони евра и ќе обезбеди на почеток 400 работни места, а потоа и 2.500 за населението од Пелагонискиот регион. Битола – По
Пуштени во уп... Заокружена инфрстурктурата во индустриската зона Жабени, кај Битола. Денеска се пуштени во употреба два инфраструктурни проекти, пречистителна и трансформаторска станица. Инвестицијата е околу 1,8 милиони евра. –
Зоната ЖАБЕНИ...
„ЦЕРАМЕТАЛ“ ...

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *