Премиерот Никола Груевски во посета на ИЗ Жабени и фабриката Кромберг и Шуберт

Премиерот Никола Груевски заедно со градоначалникот на Битола Владимир Талески денеска ја посети индустриската зона Жабени и фабриката за автомобилски делови на германскиот инвеститор „Кромберг и Шуберт“.

Двајцата го нагласија големото значење на инвестицијата за целиот пелагониски регион, зашто со неа се отвораат голем број работи места. Груевски во изјава за медиумите рече дека раководството на фабриката му пренело дека се задоволни зашто условите за бизнис во Македонија и квалитетот на работната сила се над нивните очекувања. Во моментов работат за „БМВ“ и за „Миниморис“, следниот нивни купувач е „Ауди“, како и други меѓународни брендови во автомобилската индустрија.  Веќе се извезува во Темишвар, Романија, а има договорен извоз и за Словачка и за други држави.

– Работата тргна и мене ми е мило што тоа е така… Имав можност првпат да ја видам зградата  во која веќе се произведува и каде се  вработени над 300 луѓе, а се планира до крајот на годината да се вработат над илјада. Согласно со нивниот план, во наредните две до две и пол години бројот треба да достигне до 2.500 директни вработувања. Секогаш кога има директни има и голем број индиректни вработувања, рече Груевски, кој очекува дека задоволството на германскиот инвеститор ќе биде добра препорака за други компании кои во иднина ќе доаѓаат со намера да вложат во Македонија.

Груевски додаде дека за изградбата на индустриската зона Жабени треба да му се честита на битолскиот градоначалник Талески зашто, како што рече, таа била еден од неговите најдобри чекори.

– Веројатно тоа ќе биде еден од неговите најголеми проекти во неговиот сегашен и иден мандат. Се работи за многу крупен и многу значаен проект за Битола и за целиот пелагониски регион. Досега се продадени 32 локации  на кои ќе се градат погони. Колку и да вработуваат луѓе, нека бидат и по сто, сепак, тоа ќе бидат голем број вработувања. Затоа мислам дека беше одличен потегот кога се одлучивме со градоначалникот Талески да се инвестира тука, да се донесе инфраструктура, да се дозволи почетна цена на земјиштето од едно евро за квадрат, но најважно е да се изградат фабриките и да се вработат луѓето, додаде Груевски.

Премиерот посочи и на други зацртани проекти на локалната самоуправа во идните четири години кои се од значење за Битола – проектот топлификација кој е во напредна фаза. Завршена е физибилити-студијата, по која ќе следува изработка на проектот, а потоа и изведбата. Најави и реконструкција на железничката пруга кон Грција што ќе почне идната година и која,  главно,  ќе се финансира од ИПА-фондовите.

Градоначалникот на Битола и кандидат за втор мандат Владимир Талески рече дека индустриската  зона Жабени е резултат на континуитетот во соработката со Владата на РМ. Најави дека следната недела ќе има нови 40 вработувања во фабриката „Кромберг и Шуберт“, со што вкупниот број засега ќе достигне 400 нововработени. Очекува наскоро да почне изградба на уште две фабруики во зоната Жабени,  а пет други одобренија за градба се во постапка.

– Индустрсиаката зона Жабени беше голема идеја, една проекција која звучеше нереално во прв момент и бевме необјективно напаѓани… Континуитетот на соработката меѓу локалната самоуправа и Владата овозможи еден ваков бренд, ваков гигант каков што е „Кромберг и Шуберт“, да види бел ден овде, во срцето на Пелагонија, рече Талески.

Similar Articles

Зоната ЖАБЕНИ...
Пуштени во уп... Заокружена инфрстурктурата во индустриската зона Жабени, кај Битола. Денеска се пуштени во употреба два инфраструктурни проекти, пречистителна и трансформаторска станица. Инвестицијата е околу 1,8 милиони евра. –
Кромберг и Шу... Инвестицијата е вредна над 20 милиони евра и ќе обезбеди на почеток 400 работни места, а потоа и 2.500 за населението од Пелагонискиот регион. Битола – По
Продадени 25 х... Министерството за транспорт и врски на јавно наддавање со почетна цена од едно евро за метар квадратен, продаде 19 од понудените 30 парцели во Индустриската зона Жабени
„ЦЕРАМЕТАЛ“ ...
Премиерот Ник... Премиерот Никола Груевски заедно со градоначалникот на Битола Владимир Талески денеска ја посети индустриската зона Жабени и фабриката за автомобилски делови на германскиот инвеститор „Кромберг и Шуберт“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *