ПОЧЕТНА

Јавен повик за пројавување на интерес за пријавување на кандидати за избор на членови во управен одбор и надзорен одбор за материјално-финансиското работење на ЈП СИЗ „Жабени“ Битола

Индустриска зона Жабени се наоѓа во јужниот дел од градот Битола, со координати (40.946278 N, 21.435903 E). Жабени се наоѓа на 3 километри оддалеченост од границата со Грција и 9 километри од градот Битола, а од центарот на општината е оддалечена 11.75 км. Индустриската зона се наоѓа веднаш на главниот патен правец М5 и е лоцирана до самата железничка пруга кон Р. Грција. Вкупната површина на индустриската зона Жабени изнесува 834.539,06 мсо процент на изграденост од 70%. Менаџирана е од општина Битола, а сопственоста е поделена и тоа 50% од земјиштето е купено од страна на приватни инвеститори и 50% е во сопственост на државата. Индустриската зона Жабени располага со електрична енергија, водовод, атмосферска канализација, фекална канализација, телефонија, пристап до градежни парцели преку асфалт или тампонирана површина од инфраструктура. Сите парцели се наменети за продажба, ниедна не се издава под закуп, а почетната цена за купување на парцелите е 61,00 ден/м2 за лесна индустрија и 900,00 ден/м2 за комерцијални објекти.

Менаџирано од: Општина Битола
Оддалеченост од центарот на општината: 11.75 км
Сопственост:

  • 50 % – во сопственост на приватни инвеститори
  • 50 % – државно градежно земјиште достапно за купување

 

ВКУПНА ДОСТАПНА ПОВРШИНА 834,539 m2 +

БРОЈ НА ПЛАЦЕВИ 92

ДОСТАПНИ ЗА КУПУВАЊЕ 9+

МОМЕНТАЛНО ВРАБОТЕНИ ВО ЗОНАТА 6,800 +

 

Расположлива инфраструктура во зоната:

 

ИнфраструктураДостапност
Електрична енергија да
Водовод да
Атмосферска канализација да
Фекална канализација да
Телефонија да
Пристап до градежни парцели преку асфалт/тампонирана површина да
Табела 1:Расположлива инфраструктура во Индустриска зона Жабени

Работници

Оддалеченост од:Километри
Автопат  E – 7595
Автопат Е – 90 (Р. Грција)95
Пристаниште Солун (Р. Грција)200
Пристаниште Драч (Р. Албанија)200
Аеродром Скопје180
Аеродром Охрид85
Аеродром Солун (Р.Грција)200
Граница со Турција550
Прилеп40
Ресен30
Охрид70
Табела 2:Одалеченост од Индустриска зона Жабени

 

Намена на слободни локации за градба: Б2, Б3, Б4  и  Г2, Г3, Г4 и Е1, Е2, Е3

Претпријатија во индустриската зона: 

– Кромберг и Шуберт дооел – германска компанија за производство на автомобилски кабли

– Спринг дооел – домашна компанија за производство на пелети и преработка на дрво.

– Челмак Агрикултурал Машинери – турска компанија за земјоделска механизација.

-Мелиор Фуд дооел – италијанска компанија за преработка на земјоделски производи.

-Цераметал – грчка компанија од металната индустрија.

Закуп/продажба: Продажба

Почетна цена на земјиште во сопственост: 61,00 ден/м2 за лесна индустрија и 900,00 ден/м2 за комерцијални објекти