П Р А В И Л Н И К

За користење на просторот во зоната во текот на градбата, по завршувањето на истата како и организирање на комуналните дејности во границите на зоната

Согласно Oдлуката на Советот на Општина Битола бр.07-97/12 од 25.01.2008год. за формирање на ЈП СИЗ Жабени како и Одлуката на Советот на Општина Битола бр.07-1934/3 од 30.09.2010 год. за давање на поволни услови за инвестиции во индустриската зона Жабени објавена  во Службен Гласник на Општина Битола, Статутот на ЈПСИЗ Жабени чл.7 ЈП СИЗ Жабени  го предлага следниот

П Р А В И Л Н И К

За користење на просторот во зоната во текот на градбата, по завршувањето на истата како и организирање на комуналните дејности во границите на зоната

  1. УСЛОВИ ЗА ПОСТАВУВАЊЕ НА ОБЈЕКТИТЕ

     И РЕЖИМ НА КОРИСТЕЊЕ НА ИСТИТЕ

 

чл.1

Во индустриската зона Жабени се поставуваат бизнис претпријатија согласно условите дадени во урбанистичкиот план за Индустриска зона Жабени и инвестиционо техничка документација издадена од страна на Општина Битола.          

чл.2

Инвестититорот  во фаза на обезбедување на потребната инвестиционо техничка документација во смисол на добивање на согласност, одобренија, дозволи, односно сертификати утврдени со посебни закони, потребни за основање и отпочнување со работа во зоната, соработува со ЈП СИЗ Жабени.

 

чл.3

Во смисол на одржлив развој, квалитет на градба и функционирање на зоната ЈП СИЗ Жабени обезбедува стручна контрола пред отпочнување и во текот на градбата и тоа за:

-изработка и користење на времени сообракајници

-насипување и набивање на земјиште

-геомеханички испитувања и предлог решенија по истите

-придржување кон протоколот  за градба, габаритски и нивелациски

-одстранување на градежниот шут од градилиштето

-приклучоци на внатрешни патишта кон главната сообраќајна мрежа на зоната

-приклучоци за канализација

-приклучоци за санитарна и технолошка вода

-избор и поставување на ограда околу објектот

 

За извршената контрола од чл.3 Инвеститорот е должен да плати 0.2% од вкупната вредност на инвестицијата рачунато по просечна градежна цена од 300 евра/м2 изградена нето површина. Износот се распределува на 12 месечни рати сметано со отпочнувањето на градбата.

За сите евентуални непредвидени прекопи или други градежни активности во смисол: кабелска телевизија, фиксна телефонија, гасификација, топлификација и сл. потребна е согласност од страна на ЈП СИЗ Жабени.     

чл.4

Секоја бизнис фирма е должна изградените објекти да ги одржува во добра состојба како и соодветно да го уредува слободниот простор на парцелата.

чл.5

Секоја фирма е задолжена да го собира индустрискиот отпад во соодветни контејнери поставени на соодветни места, со цел да се овозможи лесно  подигање и транспортирање на истиот.   

чл.6

Секоја бизнис фирма е должна отпадните и атмосферските води на локацијата да ги прифати и спроведе во уличната канализациона мрежа при тоа  водејќи сметка за евентуално нивно додатно пречистување.

чл.7

Секоја бизнис фирма е должна да го загради своето земјиште на сопствен трошок според усвоена типизирана ограда од страна на ЈП СИЗ Жабени.

чл.8

Се забранува изградба и користење на септички јами и бунари за вода во зоната.

2.ЗАЕДНИЧКИ ТРОШОЦИ ЗА ОДРЖУВАЊЕ И ФУНКЦИОНИРАЊЕ НА ЗОНАТА

чл.9

Под заеднички трошоци се сметаат сите трошоци кои се прават за функционирање и одржување на индустриската зона и тоа:

- одржување на улично осветлување

- одржување на јавната чистота на јавните површини и патишта во зоната

- реконструкција и поправки на улиците и јавните површини во зоната

- позеленување и одржување на затревените површини и парковите

- обезбедување на зоната во смисол на контролиран влез и излез.

чл.10

За повисок степен на безбедност на своите објекти секоја бизнис фирма склучува поединечен договор со ЈП СИЗ Жабени

3.ПОЕДИНЕЧНИ КОМУНАЛНИ ТРОШОЦИ

чл.11

  Под поединечни комунални трошоци се сметаат:

-надоместок за подигање на комунален отпад

-надоместок за санитарна вода

-надоместок за технолошка вода

-надоместок за одржување на канализациона мрежа и пречистителна станица

Висината на месечниот надомест се пресметува врз база на цените усвоени од страна на Управниот одбор на ЈП СИЗ Жабени со тоа што истите не можат да бидат повисоки од важечките цени за комуналните надоместоци на ниво на јавните претпријатија во Општина Битола, а ќе се распределува согласно критериумите на комуналните јавни предпријатија. Со исклучок за пречистителната станица за која се плаќа надомест согласно направените трошоци за работа на истата, а по потрошен м3 вода.

4.ТРОШОЦИ ЗА РАБОТА НА ЗОНАТА

чл.12

Деловните односи помеѓу ЈП СИЗ „ЖАБЕНИ“ и инвеститорите ќе бидат регулирани со Анекс договори.

чл.13

ЈП СИЗ Жабени врши организиран превоз за вработените во зоната по потреба .

  1. ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ

чл.14

Правилникот за работа го предлага  ЈП СИЗ Жабени истиот го усвојува Советот на Општина Битола.

чл.15

Одредбите од овој правилник се обврзувачки за сите бизнис фирми во зона Жабени, а за неисполнување на истите ќе ги сносат трошоците направени со евентуално ангажирање на други фирми на нивна сметка за одстранување на недостатоци или неизвршени работи предвидени како обврски во правилникот.

чл.16

Во случај на евентуален спор поради непочитување на одредбите од равилникот надлежен е Основниот суд во Битола.

                                   Јавно Претпријатие за

                                      Стопанисување со

                             Индустриска зона ЖАБЕНИ